Geneva International Motor Show – решение до септември, или банкрот!

Доколку не се најде решение до септември, на организаторот на саемот во Женева му се заканува банкрот, а со самото тоа и затворање на престижниот Салон…

Овогодинешниот изложбен салон беше откажан во последен момент поради пандемија на Covid 19, но лесно може да се случи познатиот изложбен салон веќе да не постои.

Сандро Мескита (Sandro Mesquita) директор на Саемот за автомобили во Женева, неодамна даде интервју за La Tribune de Genève, во кое не заобиколувал многу и ја предочил многу драматична состојба на работите.

Мескита рекол: „Ако не најдеме решение до септември, ризикуваме  ликвидација. Ако тоа се случи, ќе мора да ги продадеме сите наши средства, бренд и акции во Palexpo SA “.

Организаторот на салонот Palexpo SA побарал од Женевскиот кантон заем од 17 милиони евра, но управата на кантонот одбила да и помогне на компанијата.

Palexpo SA тврди дека финансиската помош била условена со тоа што Palexpo не би бил организатор на салонот, туку дека тоа би го направила надворешна компанија, што Palexpo SA не го прифатил.

Споменатата сума е побарана со цел да се покријат загубите предизвикани од овогодинешното неодржување на салонот, иако се знае дека парите не им биле вратени на изложувачите заради фактот што Palexpo SA. не го откажал салонот, туку тоа го сторила државата Швајцарија и Властите на Кантонот Женева.

Парите им биле вратени само на тие што порачале и ги платиле своите билети преку Интернет.

Во соопштението издадена од Palexpo SA, исто така се вели дека изложувачите препорачуваат и поддржуваат GIMS – Geneva International Motor Show (Жeнева меѓународен автомобилски саем) за идната 2021 година да биде веќе сега откажан и дека треба се концентрира на одржувањето на Салонот во 2022 година.

Сепак, Мескита тврди дека дури и ако компанијата преживее наредните неколку месеци, ќе биде многу тешко да се организира салон од 2021 година.

Сепак, спасот сè уште може да се најде во договор со кантонот Женева и приватните инвеститори.

Како и да е, се чини дека и производителите на автомобили се повеќе се откажуваат од големите изложбени салони и бараат поевтини и поефикасни начини за промовирање на своите модели, во споредба со очигледно непрофитабилните претстави на изложбените салоните веќе со години наназад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !