Германија ја ограничува брзината на автопат на 100 km/h

Руската инвазија на Украина повторно ја отвори вечната тема за која постојано се дебатира во Германија – ограничување на брзината на автопат…

Граѓаните и политичарите неодамна се изјаснија за ова прашање, а свое мислење даде и четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел (Sebastian Vettel).

 

Еколошкото здружение Гринпис (Greenpeace), исто така, се огласи, повикувајќи на привремено „ограничување на брзината за мир“ поради големата зависност на Германија од нафта, гас и јаглен од Русија.

Нивниот приоритет е намалување на потрошувачката на гориво и намалување на емисиите, пишуваат агенциите.

Гринпис предлага ограничување на брзината од 100 km/h на автопат, 80 km/h на државните патишта и 30 km/h во градовите!

Експертот за сообраќај на Гринпис Бенџамин Стефан (Benjamin Stephan ) ја објасни позицијата: „Секое полнење на резервоари, секоја испорака на нафта за греење фрла пари во воената каса на Путин. Тоа мора да го избегнеме!

Патот до независност од нафтата на Путин вклучува многу помали чекори, а владата може да преземе некои од нив денес“.

Покрај ограничувањето на брзината, здружението изнесе и други предлози за намалување на потрошувачката на гориво.

Меѓу другото, бараат помасовна работа од дома за да се избегне возење до работа, две недели месечно без автомобил и префрлање на патници од домашни летови во железнички превоз.

Гринпис тврди дека предложените мерки би можеле да заменат 10 до 12 отсто од увозот на нафтени деривати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tesla ги запре нарачките од Европа и Кина за pick up моделот Cybertruck

Corvette Z06 70th Anniversary Edition како Pace Car на овогодинешниот Индијанaполис 500

Нов потпретседател на одделот за дизајн во Dacia

Hyundai би можел да ја прекине соработката со Rimac

Се укинува производството на Ford Fiesta во изведба со три врати

Dacia одбележа убав јубилеј 10 милиони произведени возила

Цените на автомобилите во Русија со енормен скок по воената интервенција

Победи на Владимир Тренески и Давид Малинковски на првите две трки од Twingo Cup

На Хунгароринг викендов почнува сезоната на Twingo Cup