Германија нема да го блокира кинескиот BYD при евентуалното преземање на фабриката на Ford

Германија нема да го блокира кинескиот производител на електрични автомобили BYD како можен инвеститор во фабриката за автомобили Ford која бара нов сопственик…

Најавата доаѓа во време кога Германија се обидува да ја намали својата економска зависност од Кина, да се заштити од потенцијалните геополитички тензии, но не и да се отуѓи од важен брзорастечки потрошувачки пазар.

Wall Street Journal на крајот на јануари објави дека BYD е еден од петнаесетте инвеститори заинтересирани да ја преземат фабриката на Ford во Сар од 2025 година, откако Ford ќе престане да го произведува моделот Ford Focus.

Кинеската BYD претходно соопшти дека бара фабрики во Европа, а извршниот потпретседател на компанијата рече дека попрво би изградил свои фабрики отколку да купува постојни, пренесува Reuters.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aналитичарите гледааат значаен потенцијал во акциите на Ferrari

FIAT водечка автомобилска марка во групацијата Stellantis

На автопатиштата во Јапонија ќе има лента за автономни возила

Јужна Кореја co финансиска помош за производители на батерии

Новиот Fiat Punto ривал на Dacia Sandero

Haval Ruge и Haval Ruge Max

Toyota Motor Manufacturing Turkey

Големата понуда на автомобили може да поттикне „војна на цените“

KIA малите електрични автомобили ќе ги прави во Европа