Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

Според податоците на здруженијата на германската автомобилска индустрија (VDA и  ZDK ), на најголемиот европски пазар на автомобили има огромен број на возила „на залиха“. Дали постои ризик од колапс?

Кризата предизвикана од вирусот COVID-19 има големо влијание врз европската автомобилска индустрија и пазарот на автомобили. Продажбата на нови возила во Европа падна на најниската стапка во март и април. Кризата не го заобиколи ниту најголемиот пазар на автомобили во Европа – Германија, каде продажбата се намали за 61,1% во април и за 37,7% во март.

Во првиот квартал од тековната година, продажбата во Германија се намали за 20,3%.

Проблемот е во тоа што укинувањето на анти -пандемиската мерка нема автоматски да значи раст на продажбата.

Економската неизвесност е голема, така што поголемиот дел од населението ќе го одложи купувањето на нов автомобил за некои „подобри времиња“.

ZDK  (Deutsches Kraftfahrzeuggewerbe) објави дека германските дилери на нови автомобили во моментов имаат автомобили на залиха во вредност од 14,8 милијарди евра!

Салоните и магацините за автомобили се полни, но нема доволно клиенти. Оваа состојба може да влијае на банкротот на некои дилери на автомобили, но и  до кризата во производството на автомобили.

Затоа асоцијациите на автомобилската индустрија апелираат дека е потребна државна помош за набавка на нови автомобили, не само електрични, туку и тие со мотори со внатрешно согорување, но што ги исполнуваат високи еколошки стандарди.

Според списанието Automobilwoche, државата ќе поддржи форма на субвенција за клиенти, со 4.000 евра за набавка на електрични возила и 3.000 евра за набавка на возила со конвенционален погон.

За електрични и хибридни возила, тоа може да биде дополнителен бонус, кој ќе го зголеми веќе постоечкиот бонус.

Овие мерки би можеле да го забрзаат празнењето на залихите, а со тоа и да го забрзаат задвижувањето на производните линии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили

Maserati Ghibli Hybrid со премиера на 16 јули