Германските производители на автоделови во криза

Производителите и добавувачите на автомобилски делови го финансираат развојот на нови електрични модели со профит од производството на автомобили со дизел и бензин.

Но, тоа производство полека згаснува, а работниците стравуваат дека ќе останат без работа. Минатонеделните вести привлекоа особено внимание во автомобилската индустрија. Во Bosch, поточно во одделот за производство на делови, беше потпишан договор меѓу менаџментот и претставниците на работниците за идните перспективи на 80.000 вработени во таа компанија во Германија. Фокусот е да се осигура дека нема отпуштања до крајот на 2027 година.

Бенефит од ова ќе имаат вработените кои работат во производниот сектор за автомобили со класични мотори со внатрешно согорување. Како и во случајот со производителите на автомобили, процесите на трансформација, односно преминот кон производство на електрични автомобили, исто така траеше долго во случајот со добавувачите на делови и го поттикна стравот од губење на работа. Транзицијата кон електромобилност ќе чини многу луѓе губење на работни места.

Електричните погони имаат едноставна структура

Генераторите за електрична енергија и нивните поврзани погонски единици се состојат од значително помалку делови од технологијата за производство на мотори со внатрешно согорување. Развојот на софтвер за електронско вмрежување и системи за помош на возачот, исто така, станува сè поважен. Поверојатно е дека за оваа цел ќе бидат ангажирани нови експерти, а само во ретки случаи ќе има преквалификација на работната сила од производство на автомобили со дизел и бензински мотори до производство на електрични автомобили.

Концернот Volkswagen сепак ќе се обиде да се преквалификува во рамките на пренамена на своите фабрики во оние за производство на електрични автомобили. Дополнително, за да се намалат трошоците, се повеќе се планираат нови производствени локации во Источна Европа, што веќе доведе до значителни немири кај вработените во Bosch.

Добавувачот или услужната дејност е најголемата гранка на тој германски индустриски гигант. Тоа сочинува речиси 60 отсто од 88-те милијарди евра што компанијата ги постигна преку продажба минатата година. Повеќе од половина од околу 420.000 вработени во Bosch ширум светот работат на ова поле.

Трансформацијата ќе трае долго

Враќањето на мирот меѓу вработените – барем во наредните години – треба да биде во интерес на шефот на Bosch, Штефан Хартунг. „Целта на трансформацијата мора да биде таа да се случи што е можно посоцијaлно прфатлива изјавил тој за весникот „Welt“. Според Хартунг, ширум светот има 1,4 милијарди возила на патиштата, а целата автомобилска индустрија моментално има производствен капацитет од нешто помалку од 90 милиони возила годишно.

За да ги разјасни димензиите на трансформацијата, тој пресмета: „Дури и да произведуваме само електрични возила од утре – што не е можно само поради недостаток на батерии – ќе ни требаат најмалку 15 години да ги замениме сите возила што имаат мотори со внатрешно согорување“.

По проблемите во синџирот на снабдување и кризата околу производството на чипови, што беше последица на пандемијата на корона, повторно започна бизнисот во индустријата за делови.

Сто од најголемите светски добавувачи на автоделови ја проширија продажбата благодарение на зголемувањето на цените и поголемото производство на возила.

Според студијата на консултантската компанија за менаџмент „Berils“, специјализирана за автомобилскиот сектор, минатата година е забележан раст од 16 отсто на 1.064 милијарди евра, во споредба со 2019 година, годината пред короната.

Продажбата расте, профитот се намалува

Сепак, повисоките трошоци за материјали и енергија ја намалија профитабилноста на просечно 5,6 проценти – а маржите беа помали само во екот на пандемијата на корона. Имаше и големи регионални разлики. „Додека Европа страдаше од високите трошоци за енергија, кинеските компании не беа погодени. Овој ефект беше особено видлив во Германија“, се наведува во студијата.

Германските добавувачи  Bosch, ZF Friedrichshafen AG и Continental   продолжуваат да ја предводат листата на топ 100 добавувачи, заедно со јапонската групација Denso. Меѓу најуспешните компании од Германија се Male, Scheffler, Broze, Eberspeher, Drexlmayer и ThyssenKrupp. Но, „корејските и кинеските добавувачи растат исклучително силно, додека пазарниот удел на германските и јапонските компании продолжува да опаѓа“, забележуваат експертите од индустријата.

 

Конкуренцијата од Кина се зголемува

Во следните неколку години, трендот на продажба и маржи во корист на кинеските добавувачи најверојатно ќе продолжи, вели Александар Тимер, партнер на Beryls. „Главните двигатели на ова се прогресивната електрификација и дигитализација на возилата.“ Можеби ова е причината зошто индустријата гледа кон иднината со поголем песимизам од кога било.

Во моментов, производителите сè уште живеат од големиот заостаток на нарачки, кој се акумулираше минатата година поради недостаток на компоненти, а кој сега постепено се топи.

Новите нарачки едвај доаѓаат поради неизвесната економија.

Според Германското здружение на производители на автомобили (VDА), во јуни се регистрирани 20 отсто помалку нарачки од претходната година. Домашните нарачки се намалени за 27 отсто од почетокот на годинава.

Бизнис изгледите екстремнo негативен

Според истражувањето на минхенскиот институт Ifo, објавено минатата недела, германските производители на автомобили негативно ги оцениле нивните деловни перспективи, што не се случило по светската финансиска криза. Соодветниот индикатор падна петти пат по ред.

„Постои голема неизвесност меѓу производителите на автомобили и делови за автомобили, исто како кога избувна војната во Украина или по зголемувањето на ризикот поради рационализирањето на гасот за индустриски потреби минатата есен“, вели Оливер Фалк, шеф на Ifo-центарот. за индустриска економија и нови технологии.

Не е ни чудо што, според истражувањето, моментално постои огромен недостиг на доверба меѓу добавувачите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Dacia Duster без дизел мотор!

Urban SUV Concept на Toyota

Дали правилно го подготвив те вашиот автомобил за зимата?

Електричниот Hyundai Ioniq 6 е избран за шкотски автомобил на годината

Kia EV9 финалист во изборот за Европски автомобил на годината

Peugeot 208 Rallye

Вашиот автомобил ве шпионира!?

Потресна исповед на директорот на  Volkswagen 

Mercedes го сели производството на SUV моселот EQS од САД во Германија?