Германците ги поминаа Норвежаните во купување на EV

Прашање на време беше кога Германија ќе ја помине Норвешка во продажба на електрични автомобили и најверојатно тоа се случува сега, годинава, кога за прв пат ќе стане број еден пазар на Стариот континент, во однос на бројот на продадени електрични автомобили …

Така , Германците ќе ја симнат Норвешка од врвот, долгогодишниот лидер на полето на користење и продажба на електрични автомобили.

Имено, според податоците на Агенцијата за информирање за патен сообраќај (OFV) во ноември, во Норвешка  биле регистрирани нешто под 3.700 нови електрични автомобили, односно за 27 % помалку отколку во истиот месец минатата година.

Бројот на нови регистрации во Германија порасна во ноември, како што велат податоците на Федералното тело за сообраќај (KBA), зза околу 9%, на повеќе од 4.600 парчиња.

Тоа знали дека во Германија досега се регистрирани околу 57.500 електромобили, а во Норвешка нешто помалку, околу 56.900.

Како и да е Германија се уште има за надополнување кога станува збор за пазарното учество на електромобилноста, а според KBA таа во ноември изнесувала само 1,6 %, а во Норвешка, и покрај падот, вредноста и понатаму изнесувала 36,9 %!.

Норвешка има продадено најмногу електрични автомобили од било која европска земја од 2010 година па наваму, кога Nissan Leaf, првиот целосно електричен автомобил за масовна продажба го направи своето деби.

Додека Норвешка се постави како регионален бастион за електрични автомобили благодарение на мерките на нивната влада, земјата има само 6,4 % од популацијата на Германија, поради што растот е лимитиран.

Германските производители ќе ја зголемат тројно својата понуда на автомобили до 150 модели до 2023 година и ќе инвестираат 50 милијарди евра до 2024 година па затоа  таму и треба биде најголемиот пазар за EV во Европa.

Инаку во Европа, продажбата на EV бележи раст од само 3,1% на нови регистрации во третиот квартал, според податоците на Европската асоцијација на автомобилски производители (EAMA).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава