Веднаш да се нагласи, германската федерална влада не се откажува, таа продолжува да се држи до зацртаниот курс…
Но, Германците сфатија дека зелениот сон се претвора во кошмар. Овој извештај е за истражувањето на Германците направено од организацијата Forsa. Огромното мнозинство од германското население верува дека успешната енергетска транзиција не е реална. Според истражувањето на Forsa, 88 отсто од испитаниците го делат ова мислење, што е зачудувачки.
Германците имаат се помалку доверба во плановите на федералната влада за енергетска транзиција. Само десет проценти сè уште веруваат дека системите за обновлива енергија, како што се фотоволтаичните соларни системи и енергијата од ветер, можат соодветно да ги задоволат енергетските потреби на земјата.
Во 2011 година, 39 отсто од испитаниците се уште биле оптимисти, а 61 отсто биле скептични. Дури и кај приврзаниците на Зелените сега преовладува скептицизам, пренесуваат медиумите. Мнозинството од 59 отсто од испитаниците сè уште ја поддржуваат употребата на природниот гас како извор на енергија. 57 отсто се за континуирана употреба на нуклеарната енергија.
Зелените соништа на германската влада ветуваат уништување на економијата на земјата. Индустриските синдикати IG Metall, IGBCE и IG BAU стравуваат од губење на стотици илјади работни места и затворање фабрики поради високите цени на електричната енергија во Германија, во споредба со другите земји, особено во високо енергетските индустрии како што се челичната индустрија, хемиската индустрија. или индустријата за градежни материјали .
Досега германската влада опстојува во своите зелени заблуди, но судирот со реалноста е неизбежен. Прашањето е што ќе остане од германската економија кога конечно ќе се напушти зелениот сон.