Германците предвидуваат доминација на EV но истите не ги сметаат за посакувани

Германските граѓани ја изрекоа својата пресуда во контекст на електричната иднина на патната мобилност…

Според истражувањето на агенцијата Allensbach, мнозинството од испитаниците (вкупно 1.006 граѓани учествувале во истражувањето) се убедени дека електричниот погон ќе преовладува во следните десет години, но само 22 отсто сметаат дека тоа е пожелно.

Купувањето електричен автомобил е опција за 23 проценти од луѓето. Главните резерви во однос на тоа прашање се набавната цена, недоволниот број на пунктови за полнење, скапата струја и сомнежите за еколошката рамнотежа, пишуваат специјализираните портали.

Според истражувањето, автомобилот е незаменлив за 72 отсто од анкетираните, а 47 отсто го користат секојдневно, уште 23 отсто неколку пати неделно.

Во големите градови, 30 отсто сметаат дека автобусот и возот се сериозна алтернатива.

Во селата и руралните средини тој удел е  само 14 проценти.

Од руга страна пак дури 52 отсто од редовните корисници сметаат дека јавниот превоз е скап.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aналитичарите гледааат значаен потенцијал во акциите на Ferrari

FIAT водечка автомобилска марка во групацијата Stellantis

На автопатиштата во Јапонија ќе има лента за автономни возила

Јужна Кореја co финансиска помош за производители на батерии

Новиот Fiat Punto ривал на Dacia Sandero

Haval Ruge и Haval Ruge Max

Toyota Motor Manufacturing Turkey

Големата понуда на автомобили може да поттикне „војна на цените“

KIA малите електрични автомобили ќе ги прави во Европа