Германците со петиција бараат Lada да се врати на пазарот

Германците, деновиве, започнаа петиција со која се бара враќање на возилата на Lada на германскиот пазар…

Петицијата беше покрената со поддршка на локален дистрибутер, фирмата Lada Deutschland и беше објавена на веб-страницата https://weact.campact.de/.

Петицијата е упатена до производителот Ladа, компанијата АвтоВАЗ и корпорацијата Renault Nissan Mitsubishi, во чие портфолио се наоѓа. Исто така, на списокот се и министерствата за економски развој и амбасадата на Русија во Берлин.

Иницијаторите на петицијата велат дека Lada мора да се врати во Европа затоа што „нуди широк спектар на модели кои, пред сè, им се достапни на сите, и второ, имаа љубители и постојан круг на клиенти во Германија и во ЕУ веќе 40 години“.

Само како потсетување ќе речеме дека Lada се повлече од европскиот пазар во мај минатата 2019 година, а испораките на автомобили во Европа беа суспендирани.

Lada Deutschland изрази жалење за ваквата одлука на „АвтоВАЗ“.

Само како илустрација ќе кажеме дека, Lada Vesta SW Cross со 1,6 бензинец,  со 102 КС во Германија има старна цена од 17.800 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно цело село во Франција ќе вози Renault Zoe!

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!