Германците вградуваат клима уреди и во автопат

Во лето, патиштата пукаат од големата топлина, во зима се лизгави поради мраз, и како да се реши тоа? И двете појави се опасни и често резултираат со сериозни несреќи, а и дупките треба да се закрпат….

Германците мислат дека имаат решение и веруваат дека вистинскиот начин е да се инсталира еден вид клима уред на патот. Досега патиштата беа загреани во некои северноевропски земји, а сега за првпат ќе се оладат. Температурата на геотермалната вода што ќе поминува низ инсталациите не е висока, но ќе помогне при ладење во лето и греење во зима. Меѓутоа, се тестира и друга технологија, пишуваат агенциите.

Вкупно пет тест полиња и едно референтно поле ќе бидат изградени на должина од по 55 метри. Сите 5 тест полиња имаат различни технички имплементации за контрола на температурата на патиштата. Две тестирачки полиња ќе се загреат / ладат со вода, а три полиња за тестирање ќе користат воздушни комори на патеката за ладење / греење (се уште не е прецизирано како ќе работи овој систем).

Ефектот на „климатизерот“ ќе се тестира три години со вградени сензори за температура. Покрај тоа, камерите за термичка слика ќе ги следат температурите на површината на асфалтот.

Индивидуалните системи потоа се поврзуваат со напојувањетосо енергија, а просторот за тестирање може да се загрее или лади.

За Германците, овој систем е особено интересен за најкритичните делови, свиоци, излези од тунелот…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прототип на Ford Transit FCEV

Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Лесна платформа на Lotus за наследниците на Elise и Еvora

Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Unique Puncture-proof Tire System

Honda ги интензивира работите на автономни возила

Тајното оружје на Dacia против гребаници

Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии