Ги украл речиси сите автомобили од сништа од 1980-те а сега е уапсен

BMW M3, Mercedes 190 E, Cosworth Evolution II, Renault 5 Turbo, Lancia HF Integrale – ги имал ситe…

А неговото „ергеле” беше пронајдена сосема случајно.

Имено, за време на потрагата по украдена опрема од градилиштето, баскиската полиција во Ерзајнц буквално се сопна на колекцијата на скапи автомобили, легенди во последните две децении од минатиот милениум.

Бројни ретки примероци биле пронајдени кај 42-годишникот, па се претпоставува дека пристигнале од цела Европа, сите со цел да бидат препродадени на нелегалниот пазар.

Несомнено, некои, ако не и сите, биле украдени примероци, ако не и сите, а пребришанит оригинални и впишаните фалс броеви на шасијата го поддржуваат ова.

Потрагата по украден генератор тежок три тони ја однело баскиската полиција во Гетари, каде го пронашле на напуштена фарма, заедно со камионот на кој бил украден. Во таа прилика го уапсиле 42-годишниот осомничен кај кого пронашле и нелегално оружје и околу 10.000 евра.

Но, вистинско изненадување уследило по претресот на остатокот од фармата. Пронајдени се вкупно 26 легендарни автомобили, а тие доаѓаат од најмалку пет држави.

Некои од најзначајните автомобили ви ги наведуваме во спиосот што е во прилог на оваа информација:

BMW M3 (E30)

BMW M3 (E36)

Ford Escort RS Cosworth (1 oд 7,145)

Ford Sierra RS500 Cosworth (1 oд 500)

Lancia Delta HF Integrale

Mercedes-Benz 190E Cosworth Evolution II (1 oд 502)

Mitsubishi Lancer Evolution (IV, VI, VI Tommi Mäkinen Edition, VII, itd)

Renault 5 Turbo (1 oд 4,987)

Peugeot 205 GTI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !