Гига фабриките на Tesla во Тексас и Берлин просто „горат“ милијарди долари !

Новите фабрики на Теslа во Германија и Тексас губат „милијарди долари“, изјави извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили Илон Маск, нагласувајќи ги високите трошоци, скромното производство и проблемите во синџирот на снабдување…

Како вовед во оваа интересна информација што мора дас признаеме предизвика вистинска „бура„ во светот на финансиите, осообено кај инвеститорите можеме да го наведеме податокот дека  гигафабриката (Giga factory) на Tesla во Груенхајде кај Берлин е нејзина прва фабрика во Европа, а фабриката во Остин беше отворена во април тековната 2022 година.

„Овие погони моментално голтаат многу пари“, рекол Илон Маск (Elon Musk) во интервју за клубот на љубители на автомобили „Теslа“ во Силиконската долина, посочувајќи на високите трошоци, скромното производство и проблемите во синџирите на снабдување на автомобилската индустрија.

Во моментов сум фокусиран на одржување на бизнисот за на работниците да им бидат исплатени платите и компанијата да не банкротира, изјавил во тој контекст Маск.

Високите трошоци за почеток на производство во нови фабрики се вообичаена појава, но Tesla има проблеми и во фабриката во Шангај, поради заклучувањето (повторното заклучување поради реактивирање на епидемијата со корона вирусот во овој град), што според Маск предизвика огромни тешкотии во производството.

Шефот на Tesla неодамна најави укинување на работните места, предупредувајќи во неколку наврати дека очекува пад на активноста во светската економија.

Имено првиот човек на Теsla најави дека ќе укине од три до 3,5 отсто од работните места во наредните месеци, а истото го потврди и во минатиот понеделник.

Притоа големиот шеф на Tesla Motors, додал дека ќе укине десетина работни места во секторите за дизајн и развој.

Компанијата на почетокот на оваа 2022 година на својот платен список имала нешто помалку од 100 илјади работници.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.