Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Потполно новото Porsche Cayenne Coupe, што беше најавено „изненадување“ од компанијата пред неколку дена, во Шангај, ја имаше својата глобална премиера

Пазарот во Кина е од големо значење за секоја глобална автомобилска марка па така и за Porsche.

Во Кина  Porsche  има годишна продажба од 80.000 автомобили и затоа и не изненадува што моделот Porsche Cayenne Coupe токму во оваа земја има светско деби.

Автомобилот се одликува со експлозивна атлетска става споредено со стандардната верзија на моделот, со две седишта во задниот ред, избор помеѓу стандарден, панорамски стаклен покрив или карбонски.

Друга интересна карактеристика на новиот автомобил е неговиот адаптивен спојлер на покривот кој автоматски се придвижува за 135 mm при преминување на границата од 90 km/h.

По пазарната промоцијата на Cayenne Coupe во мај, Porsche ќе предложи и верзија со 3.0 литарски турбо агрегат со 340КЅ и 450 Nm, и Cayenne Turbo Coupe со 4.0 литарски, V8 мотор со 550 КЅ и 770 Nm.

Втората помоќна изведба  забрзува од 0 до 100 km/h за само 3.9 секунди и постигнува максимална брзина од 286 km/h.

Стартната цена за Porsche Cayenne Coupe за пазарот во Германија изнесува 83.711 европски банкноти, додека топ верзијата Cayenne Turbo Coupe ќе чини 146.662 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!