Годинава пристигнува уште посупериорен Lamborghini Urus ST-X

По највата од 2018 година во вид на концепт намнет исслучиво за тркачки патеки, Lamborghini Urus ST-X, лани  дебитираше, како прв супер SUV на тркачката сцена…

Urus ST-X на патеките ќе го видиме годинава, што е потврдено и од Маурицио Реџиани, шефот на одделот за истражување и развој на Lamborghini,  кој изјавил дека Urus ST-X ќе се појави на Lamborghini Super Trofeo Wolrd Final што ќе се одржи на 31 октомври и први ноември во Мисано, Италија.

„Ќе се одржи трка на која ќе го дмонстрира  форматот“, изјави кратко Реџиани.

Инаку, Urus ST-X нема да добие никакви подобрувања на моторот, што значи дека ќе го задржи 4,0-литарскиот bi-turbo бензинец со осум цилинри поставени во форма на латинската бува V, од  патничкиот Urus со 650 KС.

Меѓутоа, ќе биде полесен за 500 kg, и еќ има вкупна мас од 1.650 kg. и бидејќи ST-X верзијата е официјално потврдена, понудата на Urus ќе биде проширена, а се очекува и хибридна верзија на супер SUV моделот на Lamborghini.

Plug-in хибридната изведба за кој се зборува од 2018. година ќе мора да почека до 2021, а  платформата super SUV е веќе електрифицирана од страна на останатите брендови на VW групацијата, па Lamborghini својот момент го чека со добра причина.

Urus е различен од останатите корисници на таа платформа“, наведува како причина Реџиани, а купувачите ќе можат да уживаат во максимални перформанси, како и во режимот кој подразбира крајна ефикасност.

Како и во случајот со Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid, Urus PHEV веројатно ќе располага со режим на возење на чисто електричен погон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Auto Bild го најави Audi Q5 Sportback

Колективна акција против  VW за обештетување милиони Европејци погодени од Dieselgate

Покрај многу новитети Palexpo 2020 изненадува со тркачка патека во хала!

Електричен Fiat Spider 124 за 140.000 долари

Volkswagen ID.4 дебитира во април на салонот за автомобили во Њујорк

Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

Годинава се очекува промоциј на нови BMW M3 и BMW М4

Renault на годинешниот Rally Dakar настапи и со хибриден камион!

И возилата може да се одбранат од хулигани докажа Тesla Model 3„