Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Иако е општ застој во производството, a какво и да е правење на планови би било сосема неблагодарно, Volkswagen потврди дека неговите модели Tiguan и Arteon во текот на оваа 2020 година во продажните салони ќе пристигнат во верзии со PHEV погонски системи…

Иако од германскиот производител на автомобили не стасаа повеќе информации, сепак, потврдија дека Tiguan и Arteon со plug in хибриден погонски систем ќе се појават веднаш по Golf GTE и Tiguan R, исто така во PHEV верзии.

Со оглед на тоа дека доаѓаат на ред и за подновување, освежување и на стилските елементи – дизајнот, логично е да се очекува дека токму оваа „фаза два“ кај моделите ќе се искористи за воведување на новините.

Дури и повеќе, во истиот пакет VW ќе го лансира и елегантниот караван, како и R верзијата на Arteon.

За првата сериска комбинација само може да нагаѓаме, но како појдовна точка можеме да го земеме тоа што веќе ни е познато.

Од минатата година Volkswagen во Кина и за пазарот во Кина го произведува Tiguan L PHEV, продолжена верзија на Tiguan со sa plug – in хибриден погонски систем.

Овој модел се испорачува како комбинација на турбо бензински мотор со работен волумен од 1.4-литри, познатиот  TSI, со шест степена автоматска трансмисија со двојна спојка -DSG, заедно со електромотор и батерија со капацитет од 12.1 kWh.

Тој модел на возачот му нуди моќност од вкупно 208 KС, и 400 Nm максимален вртежен момент, со автономија на возење во режим само на струја од околу 50 км, или вкупно од 860 км со полн резервоар на гориво и со полна батерија.

Располага со солидни перформанси: Забрзување од 0 до 100 km/h кај изведбата Tiguan L PHEV изнесува 8.1 секунди, а максималната брзина што ја постигнува e 200 км/ч.

Меѓутоа, тука е и опцијата Tiguan и Arteon PHEV да бидат опремени и со малку посилен погонски склоп од 215 KС и да добијат посилна батерија со капацитет на моќ од 13 kWh, кава што инаку веќе се вградува во хибридниот модел Passat GTE.

Но да бидеме трпеливи и да почекаме уште малку, кога се ќе излезе на светлоста на денот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL