Голем трансфер во автомобилската индустрија: Шефот на SEAT на чело на Renault!

Поранешниот шеф на Seat Лука де Мео е во преговори за трансфер во Renault, а тоа го потврдил и шефот на VW групата, Херберт Дис, во својата изјава…

Лука де Мео водел разговори со Renault околу позицијата генерален директор, но се соочува со потенцијална пречка во вид на клаузула во договорот со Volkswagen групацијата.

„Ние сме навистина многу тажни што Лука не напушта, бидејќи тој играше мошне важна улога во групацијата. Тој навистина направи голема работа за нас, но ние го прифативме неговото заминување. Веројатно е во преговори со автомобилскиот производител – Renault, тоа е она што нам тој ни го кажа“, изјави Дис.

Италијанецот Лука де Мео отстапи од местото шеф на Seat овој месец, но остана вработен во компанијата.

Тој со години беше на чело на Seat,  поттикнувајќи и имајќи голем личен придонес во значителниот раст на угледот и препородот на шпанскиот бренд.

Од Renault во октомври го отпушти Тјери Болор на местото извршен директор, а наместо него на сцената  стапи привремената вршителка на дејноста, Клотилд Делбос.

Претседателот на француската компанија, Жан-Доминик Сенард оваа недела изјави дека новиот генерален директор би требало да биде именуван и тоа многу бргу.

Голем плус за Италијанецот да се најден на чело на францускиот кармејкер е и фактот дека државата Франција, која има значителен удел во Renault, даде поддршка за именување на Де Мео.

Нема причина државата да се противи на именувањето на Де Мео“, изјавил извор од Министерство за економија на Франција, за домашните- француски медиуми.

Во тој контекст, на средување на нештата може да се земе и официјалната изјава на членките на француско – јапонската алијанса дадена минатата недела.

Имено и двете страни испратија официјални соопштенија во кои велат дека, Renault и неговиот јапонски партнер Nissan воопшто не ја доведуваат во опасност 20-годишната алијанса  и ги отфрлаат сите  шпекулации за нејзиното „растурање“!.

Потсетуваме во не така далечното минато,  во 2008 година, Де Мео беше дел од FCA и еден од омилените соработници на неодамна починатиот гуру на FCA Серџо Маркјоне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Привремено запрено производството на Audi E-Tron

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Новат Оpel Corsa Автомобил на годината во Македонија за 2020!

Range Rover Evoque најомилен компактен SUV во Европа

Auto, motor und sport: Abarth 595 е Најдобар автомобил пет години поред

Произведени седум милиони Škoda Octavia!

Volkswagen официјално го покажа лицето на новиот Golf GTI

Пад на побарувачката на нови автомобили на почетокот на годинава во Европа

VW Group повторно ја одложи одлуката за фабрика во Турција