Голема Британија: Побарувачката на EV не е усогласена со растот на јавната мрежа на полначи

Според последниот извештај на Здружението на производители и дилери на возила (SMMT), побарувачката за електрични или пак електрифицирани автомобили не е во согласност со растот на јавната мрежа за нивно полнење…

Националната инфраструктура на Велика Британија не успева да држи чекор со продажбата на електрични возила, една деценија пред Владата да забрани продажба на нови автомобили со внатрешно согорување, пишуваат агенциите.

Вкупно 4.109 нови стандардни јавни станици за полнење се инсталирани во текот на оваа годинава во Велика Британија на 212.181 регистрирани електрични и plug-in хибридни возила.

Со други зборови, само еден полнач е инсталиран на секои 52 нови електрични или електрифицирани автомобили, што е „недоволна стапка за подобрување на корисничкото искуство за купувачите на електрични возила“, наведуваат од SMMT.

Трговското тело посочува дека британската јавна инфраструктура за полнење електрични возила заостанувала зад побарувачката што владее и пред тековнава 2021 година.

Податоците покажуваат дека на крајот на 2019 година, 11 електрични или електрифицирани возила делеле еден јавен уред за полнење. До крајот на 2020 година, јазот е зголемен на 16 ЕV по полнач.

Други извештаи покажуваат дека повеќето сегашни купувачи на електрични возила се богати поединци кои можат да си дозволат скапи електрични модели и веројатно имаат свои полначи во своите домови.

Сепак, потребни се големи подобрувања во инфраструктурата за поголемиот дел од населението да се префрли на електрична енергија.

Британската влада веќе донесе нов закон според кој „секоја нова зграда, како деловна, така и станбена, мора да има имплементирано и полначи за електрични возила“.

Во просек, приклучените возила сочинуваат еден од шест нови автомобили регистрирани во Велика Британија , според досегашните статистички податоци, досега оваа година, а побарувачката ќе расте бидејќи производителите додаваат сè повеќе електрични возила во нивната понуда.

Јужна Кореја, во овој момент има со сооднос EV-полнач од 3: 1,  во Холандија тој сооднос е 5: 1, додека пак во Кина изнесува 9: 1, а во Франција тој е 10: 1.

Соодносот во  Белгија и Јапонија изнесува и во двете 13: 1 и сите тие нудат подобра покриеност на нивните електрични возачи со полначи одошто Велика Британија.

Ако е некоја утеха, Велика Британија има подобар сооднос од Германија која е водечка автомобилска индустрија на Стариот континент, каде тој однос изнесува 17:1, навистина само за едно возило помалку на еден полнач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept