Golf се врати на врвот на Европа!

По кусото владеење на Renault Clio на тронот на Европа Volkswagen Golf , на крајот на првата половина од оваа 2020 година, сепак ја дочека на врвот како најбаран мол на пазарите на Стариот континент…

Не помина многу и Volkswagen Golf повторно е на првото место според продажбата во Европа, преземајќи го тронот од Renault Clio.

Со 134.045 продадени примероци, германскиот бестселер ја држи првата позиција, покажуваат продажните резултати од 44 европски пазари, од Португалија до Русија, кои ги сподели специјализираниот портал focus2move.com.

Но, и покрај првата позиција на Golf, Volkswagen, исто како и сите други производители на автомобили, немаат многу причини за славње, бидејќи во периодот од јануари до јуни продадени се 45,9 % помалку автомобили отколку во истиот период во минатата 2019 година.

Причината за тоа секако е кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Сепак, во секој случај Golf се враќа на врвот со само неколку примероци повеќе во однос на Renault Clio, кој ја држи втората позиција со 133.950 продадени автомобили, или 27 % помалку во однос на истиот период минатата година.

На третата позиција по бројот на продадени примероци  е Volkswagen Polo 103.630 пласирани единици (-43,4 % во однос на минатата година).

Со повеќе од 14 милиони примероци продадени низ сите генерации, Polo е еден од најуспешните компактни автомобили на светот.

Четвртото место повторно му припадна на Volkswagen, овојпат на моделот Tiguan, кој забележал продажба на 99.559 (-35,8%) примероци, пред Škoda Octavia со 93.588 продадени единици (-35,4%) и компактот на Ford моделот Focus со 88.936 пласирани примероци (-35,1%).

Францускиот „лав” Peugeot 208 се пласира на седмото место, односно за две места погоре во однос на минатата година, со продадени 84.171 примероци (-35,4%), а по него следуваат Opel Corsa со 83.009 (-34,2%) и Nissan Qashqai со 80.091 (-39,4%).

На последното место во листата на Топ 10 најпродавани модели во Европа  е Ford Fiesta со 72.413 регистрации (-43,5 проценти).

Сепак, ѕвезда на автомобилското небо на Стариот континент оваа година е Volkswagen T-Cross кој иако го држи 29-тото место на табелата, но тој за разлика од другите, забележал раст од 120,1 % во однос на минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар