Good Cat -Нов копи микс од Кина

Нов ден и нов електричен автомобил од Кина, овој пат со познат дизајн, или, уште попрецизно кажано, со микс на дизајн од повеќе познати автомобили – икони….

Неговото име е Good Cat, и доаѓа од новата електрична марка ORA како дел од сега веќе познатиот автомобилски гигант Great Wall Motors.

Овој автомобил на почетокот веќе изгледа познато и проевропски, но нема да ве потсети на само еден модел.

Има сè, од VW Буба, преку Fiat 500, па сè до спортската икона на четири тркала Porsche 911.

Токму така, Кинезите го спакуваа овој микс од блескави дизајнерски креации  во творба со должина од 4,235 mm, ширина 1,825 mm и висина 1,596 mm, како и со растојание помеѓу оските што изнесува 2.650 mm.

Ниту еден збор не треба да се троши на дизајнот, освен можеби да се нагласи дека затворената маска јасно го означува електричниот погон на овој нов автомобил.

Внатре повторно изненадување – пријатно.

Дигитален кокпит на ниво на реномирани производители, и комбинацијата во две бои, како и тапацирот од кожа функционираат  навистина ефикасно и атрактивно.

Секако, тука е вклучен и информативно-забавниот систем со поголем екран.

Под хаубата се наоѓа електромотор со 143 КС и 210 Nm, максимален вртежен момент, додека сетот на батерии ви овозможува автономија со едно полнење на истите до 500 км ( според мерењата по NEDC протоколот).

И, конечно, да речеме дека овој автомобил не е шега.

Имено, истиот производител и истата механика ќе се користат за новиот електричен Mini наменет за кинескиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АвтоВаз произведе 30 милионити автомобил

GM со нов електричен Hummer со нов Crab Mode начин на возење

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!