Google AI го подобрува протокот на крстосниците

Лошо синхронизирани семафори и недоволно долгите интервали на зелено светло се вообичаени проблеми во сообраќајот, не само кај нас, туку насекаде ширум светот…

Поради тоа, чекањето на крстосници честопати е непотребно продолжено, а кумулативниот ефект од ова на времето на патување не е занемарлив, да не говориме за нервозите и тензиите кај возачите. Покрај тоа, (непотребно) чекање на крстосници не е во согласност со напорите за животна средина.

Затоа Кејт Бранд (Kate Brandt), главен директор за одржливост на Google, објави дека компанијата работи на проект за користење на вештачка интелигенција (Artificial intelligence AI), со цел да се обезбеди поефикасна работа на семафорите.

Кога возилото е паркирано на раскрсница, горивото се троши непотребно и загадувањето на таа микро-локација се зголемува. AI на Google ќе ја измери состојбата на сообраќајот на раскрсниците и ќе ги пресмета оптималните интервали на црвено и зелено светло на нив.

Една од истражувачките групи на компанијата за AI веќе собра доволно информации за да го обучи и оптимизира моделот и е во состојба точно да ги пресмета тие интервали.

Во моментов се спроведува пилот-проект на четири локации во Израел, во соработка со градовите Хаифа (Haifa) и Бир-Шева (Beer-Sheva), како и со израелската национална компанија за патишта.

Досегашните резултати укажуваат дека има намалување на чекањето на раскрсниците за 10 до 20 проценти. Од Google не објави податоци за просечниот број возила што секојдневно минуваат низ овие раскрсници, иако видеата објавени од Кејт Брандт покажуваат дека се доста зафатени.

Новиот пилот -проект се очекува да започне наскоро во Рио де Жeанеиро (Rio de Janeiro), а Google е во преговори со уште неколку градови низ светот.

Иако глобалната имплементација на таквото решение е с уште многу далеку, слободно можеме да кажеме дека ова е уште еден чекор кон целосно паметни градови – цел кон која IT индустријата се стреми со години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови