Gordon Murray Automotive Т.33 најавен за 27 јануари

Gordon Murray Automotive (GMA) најавува дека ќе претстави нов суперавтомобил кон крајот на првиот месец (јануари) во годинава…

Станува збор за моделот T.33, најавен како супер автомобил GT, а чија премиера ќе се одржи на 27 јануари.

T.33 треба да биде придвижуван од атмосферск бензински мотор, со работен волумен од 3,9-литри, со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V и, како што сега стојат работите, новиот модел ќе добие поинаква платформа во однос на постоечкиот модел T.50.

GMA ќе го направи и T.33 во ограничена серија од само 100 примероци за да ја одржи ексклузивноста.

Иако T.33 ќе биде подостапен од T.50 (кој чини 2,36 милиони фунти), сепак ќе биде скап автомобил.

Според досегашните планови, производството на Т.33 треба да започне во текот на следната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји