Gordon Murray Automotive T.33 Spider

Gordon Murray Automotive го претстави супер автомобилот GT T.33 во јануари минатата 2022 година, додека следната недела ќе ја покаже и својата Spider верзија…

Истовремено со објавувањето, објавен е и официјален цртеж на Т.33 Spider.

Цртежот открива дизајн сличен на Cupе, со уникатни дизајнерски елементи на горниот дел од каросеријата, заедно со низок преден дел и елегантни кривини добиени од спортските автомобили од 50-тите и 60-тите години.

А и Murray T.33 Spider ќе го придвижува атмосферскиот 3,9-литарски V12 мотор на Cosworth со 615 КС и 451 Nm, споен со шест ( 6 )-брзински мануелен менувач Xtrac стандардно, со погон на задните тркала и LSD диференцијал.

Автомобилот тежи 1118 kg, долг е 4398 mm, а тркалата се со големини од 19 и 20 инчи.

Во истиот тој контекст треба да се спомене и дека за запирање се грижат карбонските керамички сопирачки на Brembo (370 mm напред и 340 mm назад).

Премиерата е закажана за 4 април, а што се однесува до цената, таа сигурно ќе биде повисока од 1,37 милиони британски фунти, колку што ги чини Coupe варијантата,  се разбира без данок и другите придружни такси и давачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Opel Astra G 25 години на автомобилската сцена

ExoMod Dodge Challenger SRT Hellcat

Volkswagen планирал Golf со V10 мотор!

Asprey Bugatti Egg Collection

Lexus LC Ultimate Edition

DS покажува како би можел да изгледа реинкарнацијата на летечкиот Citroen DS

Novitec Lamborghini Aventador Ultimae Roadster

Легендарниот „дедо’ на BMW Series7

Citroën DS автмобилска икона полна генијални иновации!