Gordon Murray Design претстави градско, автономно, мини возило Motiv!

Од Gordon Murray Design (GMD) , деновиве, пристигна најава за мало градско превозно средство наречено Motiv, а во овој случај станува збор за потполно електричен автомобил, згора на тоа автономен и лесен, со само едно седиште иако стаса и напомена дека покрај истото може да се вгради и уште едно седиште…

Креацијата Motiv e долга 254 cm, широка 130 cm и тежи само 450 kg., пред се благодарение на широка употреба на алуминиум, при што покрај патничката верзија ќе биде понудена и верзија за дотур на стоки со багажен простор од  околу 1100– литри.

За погон се погрижила Delta Motorsport, a тоа подразбира електромотор со моќ од 20 kW/27 KS и батерија со капацитет од 17.3 kWh (за 40 минути може да се наполни до 80% од капацитетот).

Тоа возило со едно полнење на батериите може да помине околу 100 km, додека максималната брзина што ја постигнува изнесува 64 km/h.

Исто така за Motiv, помеѓу другото, се предвидени и gullwing врати и голем 24-инача централен дисплеј.

Инаку, Motiv официјална премиера ќе има денес во Лондон, но масовното производство на овој електричен Лилипутанец ќе почне дури за две до пет години!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада

Автомобили на пик на крадците во Германија