Од ноќеска на полноќ горивата на бензинските пумпи ширум земјава ќе се продаваат по нови пониски од досегашните цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година.
Според новите малопродажни цени од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за два денара за литар, а Дизелот се намалува за 1,5 денари.
Со новата одлука литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 84,5 денари по литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуродизелот од полноќ ќе изнесува по 86,5 денари за литар.