Горивата  повторно поскапуваат со тенденција за натамошн пораст на цената

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за ново поскапување на горивата во нашата држава, а поскапувањата може да продолжат, велат информациите од берзите во светот…

Со новата одлука на РКЕ, горивата ќе поскапат од денес за 3,56 % во однос на цените од минатата недела, па така цената на Еуросупер БС-95 ќе се зголеми за половина денар, цената на Еуросупер БС-98 за 1,00 денар по литар гориво, додека цената на Еуродизелот ќе порасне за денар и половина.

Тоа значи дека литар гориво Еуросупер БС-95 од денес се точи за 54,50 денари по литар, Еуросупер БС-98  чини 57 денари за литар, а Еуродизел се продава по 47 денари за литар.

Од РКЕ соопштуваат дека минатата недела продолжи трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Бензините поскапеа во просек за околу 5,64 отсто, а кај дизелот зголемувањето беше во просек за околу 10,84 %, а од светските берзи доаѓа уверување дека цената на нафтата и нафтенте деривати уште ќе се зголемува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler