Горивата продолжуваат да поскапуваат

Трендот на раст на малопродажните цени на горивата на домашниот пазар и понатаму продолжува со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика…

Според најновата одлука на РКЕ, од вечерва на полноќ ќе се зголемат цените на горивата во земјата и тоа за 1,15 проценти, споредено со цените од минатата седмица.

Во согласност со методологијата за утврдување на цените, горивата во нашата земја ќе поскапат од половина до еден денар.

Имено, од вечерва на полноќ одново ќе имаме зголемување на цените на горивата, а според одлуката на РКЕ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар, а Еуродизелот ќе има повисока цена за  еден денар.

Тоа значи дека по полноќ, па во наредната недела, Еуросупер БС-95 на пумпите ќе се продава по цена од 68,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 70,50 денари, а Еуродизел ќе чини 61,50 денари за литар.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа кај бензинот за 1,377 %, а кај дизелот за 2,116 %.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува baby Jeep

Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник

Abarth F595

Салонот во Париз се враќа идната 2022 година

Dacia: Светска премиера на салонот за автомобили IAA Mobility 2021 во Минхен

Ioniq 5 стана најпродаваниот Hyundai на електричен погон досега

Од ноќеска на полноќ поскапуваат само бензините

Политиката го победи спортот на тркачката патека во Серес , Грција

Прв увид во новиот дизајн на F1  болидите