Great Wall подготвува компактен електричен автомобил Ora R2

Ora ја претставува најмладата компанија ќерка, подружница на познатиот кинески производител на автомобили Great Wall, формирана пред две години со прокламирана цел – развој на електрични автомобили…

Така, гамата на брендот Ora веќе вклучува два модела: cross- liftback со име Ora iQ со средна големина и мал hatckback – Ora R1.

Патем, ние пишувавме за малиот автомобил Ora R1, а заради убавиот дизајн и повеќе од примамлива цена, истиот предизвика огромен интерес кај публиката.

Со задоволство ви кажуваме дека третото дете на кинеската марка е веќе „на пат“, а станува збор за мал автомобил со пет врати што ќе ја носи ознаката Ora R2.

Азијците најавија понуда на Лилипутанец што подоцна ќе добие „вистинско крстено“ име, а тоа  ќе биде „позајмено” од животинскиот свет.

Како и првиот мал автомобил, и овој, кој сè уште е во развој, припаѓа на истиот – А + сегмент, иако новодојденецот е малку поголем од Ore R.

На тој начин, новиот со форма на коцка hatchback ќе биде долг 3.625 мм, растојание меѓу оските од 2.490 мм.

И двата модели се развиени околу истата МЕ платформа.

Конкретната архитектура дозволува електричниот мотор да се монтира на предната оска и нуди едноставна шасија со полу-цврсто потпирање на задната оска.

Конструкторот, низ фотографијата, сè уште не ни даде увид во она што можеме да го очекуваме во патничката кабина, но разумно е да се надеваме на уникатен панел што веројатно ќе има два екрани, како за инструментите, така и за информативно забавниот систем.

Што се однесува до понатамошните технички спецификации, Ora R2 го повторува она што го „видовме“ на врвната верзија на моделот R1.

Тоа значи дека електричната единица ќе развие 48 КС со 125 Nm максимален вртежен момент, достапен во секој миг.

Тракционта батеријата нуди капацитет од 33 kW/h, што треба да биде доволно за автономија о возењето од околу 350 км, според протоколот NEDC, што преведено во „вистински километри“ значи нешто повеќе од 200 км.

Great Wall се надева дека ќе може да сеизбори со целта – лансирање на мал hatchback Ora R2, на локалниот пазар во текот на летото, што е актуелно последните неколку дена.

Ќе се нуди по нешто повисока цена од врвната верзија на моделот R1, кој сега чини 11.200 американски долари, не сметајќи ги стимулациите, а кои сè уште се промовираат од кинеската влада.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)