Групацијата Piagio со рекордно полугодие

Групацијата Piaggio постигна импресивни резултати во првата половина од оваа година, постигнувајќи извонреден раст на продажбата….

Групата, која се состои од Piaggio Vespa, Aprilia и Moto Guzzi, продаде 242.800 единици ширум светот до 30 јуни, што е за 49% повеќе од истиот период минатата година.

Нето прометот изнесува 761 милиони евра, дури 62,75 повеќе ако се споредиме со истиот период во 2020 година.

Овие бројки вклучуваат резервни делови и додатоци, кои сами по себе вредат 69,5 милиони евра.

Групацијата Piaggio постигна силен раст на клучните пазари.

Во Европа, тоа е околу 25%, во Италија е близу 50%, во азиско-пацифичкиот регион 66%, а на кинескиот пазар дури 90%.

Според достапните информации, продажбата во Индија и Америка е скоро двојно зголемена.

 

„Ја затвораме првата половина од 2021 година со исклучително позитивни резултати, кои потврдуваат дека очекува одлично продолжение на годината. Растот на продажбата ја надмина 2020 година за 49% и 2019 година за 12,5%, и покрај сите проблеми што ги имавме во Индија и други важни пазари “, рече Роберто Коланино, претседател и извршен директор на групацијата Piaggio.

 

„Сите показатели за раст се зголемија, го намаливме долгот за повеќе од 125 милиони евра, со многу поголеми инвестиции. Пазарот го цени квалитетот на нашите производи, и покрај ризиците што пандемијата сe уште ги носи, постојат услови трендот на раст да продолжи и во наредниот период “.

Сегментот на скутери е особено важен за групата Piaggio, особено за брендовите Vespa и Piaggio.

Имено тој сегмент оствари раст на продажбата од над 50% (со 23% раст во Европа и 35,1% во Северна Америка).

Таквиот резултат беше постигнат првенствено од линијата MP3, новиот Beverly, како и скутерите Aprilia.

Имаме и одлични резултати со мотоцикли, а Групацијата забележа највисоки приходи од 2007 година.

Заслугата за тоа одат на сметката на новите RS660 и Tuono 660, како и RSV4 и Tuon V4.

Со оглед на тоа што придонесот на Aprilia Тuareg 660 сe уште се очекува, компанијата може да се надева на уште подобри резултати.

Креациите V7 и V85TT му помогнаа на брендот Moto Guzzi да генерира најдобар приход од продажба во својата историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија