Gumpert со супер автомобил што сам се полни – RG Nathalie

Роналд Гамперт, поранешен директор на Audi Motorsport, во 2018 година го претстави револуционерниот супер автомобил Nathalie…

Компанијата Gumpert Aiways  го доведе моделот RG Nathalie во продукциска фаза и оваа верзија се чини дека е уште подобра од тогаш прикажаниот концепт.

Супер спортскиот автомобил Nathalie претставува комбинација на чиста енергија на електричните возила и практичност на горивните ќелии.

Перформансите на овој автомобил во 2018 година беа импресивни, но сега, според податоците лиферувани од производителот, продукциската верзија е уште подобра.

Најголем адут на ова возило е неговиот неконвенционален 2Way систем на енергија.

Погонот го сочинуваат четири мотори, по еден на секое тркало, а ги напојува батерија сместена во подот на автомобилот, со што е обезбеден поголем комфор во внатрешноста, но и подобар баланс, како и пониско тежиште за подобра управливост и подобро совладување на свиоци со големи брзини..

Меѓутоа, за полнењето се грижи еден вид хибриден систем кој користи горивни ќелии на метанол, кој е сместен под предниот капак.

Благодарение на хемиската реакција во горивните ќелии, батериите се полнат со јаглерод диоксид, како и со занемарлив процент на азотен оксид како нус – производ.

Постапката на полнење се врши дури и кога автомобилот работи во место, а значително повеќе кога забрзува или кочи.

Благодарение на овој процес, Gumpert Nathalie во целост самостојно се полни, а со тоа е елиминирано долгото полнење на актуелните електрични автомобили.

Исто така позитивен елемент е и фактот дека полнењето на резервоарот за метанол трае само три минути.

Поради сето тоа RG Nathalie има импресивна автономија од 821 км при просечна брзина од 121 км/ч, односно дури 1.199 км во Eco режим.

Моторите на овој супер автомобил испорачуваат моќност од 536 КС и 989 Nm вртежен момент.

Од нула до стотка забрзува за само 2,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 306 км/ч.

Продукциската верзија на RG Nathalie е ограничена на само 500 примероци, а очекуваната цена изнесува 407.000 евра без давачките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Страничното паркирање никогаш полесно

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување

Кампери на три тркала 4.900 долари

BMW M4 ‘ракета’ од Минхен со 510 KС за 3,4 до 100 км/ч!

VW со виртуелна изведба на штандот од откажаниот Салонот во Женева

Уловен Facelift на редизајнираниот Fiat Tipo