Gunther Werks Project Tornado

Калифорнискиот  Gunther Werks го претставува својот најнов проект во форма на лесен спортски автомобил базиран на Porsche 911 (генерација 993)…

Наречен Gunther Werks Project Tornado, автомобилот тежи само 1225 килограми и има моќност до 700 КС.

Трагата на предните тркала е значително поширока од стандардната, каросеријата е претежно направена од јаглеродни влакна, а голем дел од внатрешноста е преработена (ретро-изглед на hi-fi, алкантара тапацир, алуминиумски облоги, седишта со потпирачи за грб од јаглеродни влакна…) .

Има и електронски контролирани амортизери од холандскиот специјалист JRZ, со три нивоа на подесување.

За моторот се погрижи американскиот специјалист  Rothsport , кој ја зголеми зафатнината на 4,0 литри, со стандардни 600 КС и 700 КС во режим на патека.

Моторот е поврзан со шестстепен мануелен менувач, додека погонот е на задните тркала.

Gunther Werks  не објави цена за Project Tornado, но познато е дека компанијата ќе направи ограничена серија од само 25 примероци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max