H2 Racing Truck во јануари ќе настапи на Дакар Рели 2022

Француската компанија Gaussin  ќе испрати камион H2 Racing Truck на релито Дакар што традиционално се одржува во јануари и при тоа максимално ќе ја тестира својата технологија за водород…

Главната вест за тркачкиот камион H2 е дека работи на водород, дизајниран е од компанијата Pininfarina, а своите способности ќе ги покаже на релито Дакар во јануари наредната 2022 година.

Камионот е производ на француската транспортна компанија Gaussin, чија цел е да ја демонстрира моќта на својата нова водородна платформа во Дакар.

Таа платформа ќе се користи за низа камиони и влекачи од идната 2022 година, а секоја каросерија ќе биде дизајнирана од Pininfarina.

Тркачкиот камион H2 е најмоќниот камион со погон на водород во светот, придвижуван од два електрични мотори кои испорачуваат по 400 КС и се напојува со батерија од 82 kWh.

Камионот има резервоар во кој може да собер 80 kg водород.

Максималната брзина на камионот е ограничена на 140 km/h, според правилата на релито Дакар, а досегот со едно полнење на батеријата изнесува 250 km.

Потребни се околу 20 минути за повторно полнење на истата.

H2 Racing Truck е регистриран и легален за патување по јавните – отворени патишта.

Останува да се види како камионот ќе се покаже на најпознатата и најтешка трка на издржливост исполнета со најголеми предизвици, а за тоа да го видиме ќе треба да почекаме нешто помалку од два месеца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga