Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, изјави дека би сакал да види повеќе жени во Формула 1 и дека сега има премногу пристрасност во овој спорт…
Во светлината на бројните промени кои следуваат по претстојниот почеток на новата сезона во Формула 1, Луис Хамилтон (Lewis Hamilton) во Барселона на паузата од првиот тест беше прашан што би сакал да промени, пишуваат специјализираните портали.
„Би сакал да видам повеќе жени меѓу стјуардите, имавме една или две минатата година. „Би било одлично да има жена и маж за директори на трка“, изјави Британецот.
Од 90 стјуарди на располагање на раководството на трката во текот на 2021 година, 88 беа мажи.

Даниел Рикардо (Daniel Ricciardo) изјави дека би било одлично одлуките што ги носат стјуардите да бидат поконстантни и подоследни, а Хамилтон потоа ја „дополнил“ својата желба:
„Би сакал да додадам дека треба да се погрижиме да имаме непристрасни стјуарди.
Поранешните возачи се многу, многу добри пријатели со одредени луѓе, некои патуваат со нив и затоа можеби се склони да сакаат некого малку повеќе. „Мислам дека на Формула 1 ѝ требаат непристрасни луѓе кои ќе бидат фокусирани при донесување одлуки“, рекол Хамилтон.