HANKOOK е избран од AUDI за фабричко вградување во новите AUDI Q8 и SQ8

Audi го избра Hankook за прво фабричко вградување на гуми во своите нови Q8 и SQ8 TDI СУВ модели…

Станува збор за големи SUV модели, долги над пет и широки над два метри,  со растојание помеѓу оските од речиси три метри, но со елегантна, пропорционална атлетска става. Импресивната појава е дополнително поткрепена со  огромните тркала до 22 инча.

За таквите џинови со супериорни перформанси неопходни се и врвни обувки (гуми).

А, Audi за своите супериорни големи SUV креации како прва вградба ги ибра пневнатиците на Hankook.

Станува збор за фабричко вградување на новиот модел на летна спорт-премиум СУВ гума од Hankook – Ventus S1 evo3 SUV и докажаниот модел на зимска премиум гума Winter i*cept evo2 SUV.

 

Hankook Ventus S1 evo3 SUV е најновата генерација на спорт-премиум гуми од Hankook од линијата Ventus S1, и веќе бележи одлични оценки и награди. Високо препорачана од AutoBild и добитник на RedDot наградата. Во новите AUDI Q8 и SQ8 TDI доаѓа како СУВ варијанта, a достапна е и во стандардната варијанта Ventus S1 evo3 за сите останати патнички возила.

Освен како избор за прво фабричко вградување на AUDI, оваа гума е избор за прво фабричко вградување и на возила на BMW, NISSAN, VOLKSWAGEN и TESLA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Citroen подготвуваат наследници на С4 и на Cactus

Акциза на нафтата и нафтените деривати- алатка за спраување со еконоската криза !?

Audi TT ќе стане електричен crossover

Листа на најдобрите половни автомобили според изборот на Британците

Mazda3 ја освои наградата за Светски автомобилски дизајн 2020 година

KIA Telluride – Светски автомобил на годината 2020

Администрацијата на Трамп нуди евтини автомобили- го напушта еколошкиот концепт на Обама

Во  ACEA велат дека таква криза во автомобилската индустрија не е видена уште од 1945 година…

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy