Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Грција е едно од местата – држави што остави голем белег на модерната цивилизација, од митологијата, Олимписките игри, па сè до демократијата…

Од Грција доаѓа мотоциклот што го гледате, наречен Gryps  (во превод, „грифин“) по античкиот симбол на сила и моќ.

Грифинот е митолошко суштество со тело на лав и глава и крилја на орел. Во овој случај, лавот е мотоцикл Harley-Davidson Sportster, кој служел како основа за оваа креација, дело на локален изложбен салон, кој ја подготви машината за натпреварот King of Kings („Крал на кралевите“) направен по мерка на Harley.

Gryps  е значително понизок од оригиналот, со репозициониран резервоар за гориво, поагресивен изглед, што дополнително го истакнува и среброто на „каросеријата”.

Целта била мотоциклот да наликува на митолошко суштество: резервоарот е неговото тело, предниот оклоп е главата, додека страничните делови ги претставуваат крилјата и шепите на ова чудовиште од грчката митологија.

На натпреварот оваа крација имала 14 ривали во конкуренција, создавани од други канцеларии на Harley-Davidson  ширум светот, и на крајот Gryps  го освоил второто место, губејќи ја титулата „крал на кралевите“ од мексиканскиот Apex Predator на две тркала.

Инаку, King of Kings бил натпревар кој траел до оваа година, и бил еден вид продолжение на популарното натпреварување Battle of the Kings  (Битка на кралевите).

Правилата биле едноставни: основата морала да биде Harley машина а вредноста на целиот аранжман не смеела да ја надмине сумата од 6.000 евра. Секако, конечното креација на мотоциклот исто така морала да биде и легална за возење по јавни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигна Bimota Tesi H2

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM

Новиот Triumph Trident во 2021!

MV Agusta Superveloce 800 цени и спецификации

Пристигнува нова Honda CBR600RR