Harley-Davidson FLH 1200 Electra Glide требал да биде најскап мотоцикл на светот

По сите минати години од неговата ненадејна смрт Елвис Присли и натаму е крал на поп – рок музиката, снимил многу филмови што и денес се популарни и привлекуваат внимание и донесуваат заработувачка, а истото се однесува на неговата гардероба, разни колекции, меѓу кои секако и колекциите на автомобили и мотоцикли….

Со зголемувањето на богатството на „кралот” така и примероците на две и на четири тркала во неговата колекција биле се поскапи и поскапи, но карактеристични било и тоа дека во лекцијата ниту еден примерок не се задржал подолго време.

Честопати импулсивно купувал а знаел и бргу да ги продаде спомнатите машини, или да ги подари на пријателите и соработниците.

Тука доаѓа и јунакот во оваа приказна – последниот мотоцикл што Елвис го купил – Harley-Davidson FLH 1200 Electra Glide од 1976 година, што минатата 2019 година се „обиде” да стане најскапиот мотоцикл што кога и да е бил продаден!.

За жал не успеал во „намерата”!

Минатото лето на една аукциска куќа од Холивуд ја најави продажбата на овој мотоцикл, додавајќи дека е во исправна состојба со сите оригинални делови. Мотоциклот минал 30 години како експонат изложен во музеј за автомобили во Јужна Дакота, САД, a на посетителите не им било дозволено да го допираат, па така останал во беспрекорна состојба.

Аукциската куќа го потенцирала педигрето на мотоциклот – односно дека Елвис лично го купил на 11 август 1976 година, а во салонот на Harley-Davidson влегол за на својот пријател да му купи еден друг мотоцикл – моделот Sportster 1000.

Кога станува збор за Electra Glide моделот „кралот” бил конкретен во своите желби: сакал изведба во две бои, рачно шиена кожа на седиштето и хромирани украсни детали.

Мотоциклот му бил испорачан на домашна адреса, a според „традицијата”,набргу бил препродаден на локалниот дилер на Harley-Davidson. Тоа било само неколку дена пред смртта на Елвис, a до тогаш поминал само 202 км.

Наредната постојка бил музејот, каде останал до  2019 година.

Проценките не експертите биле дека на аукцијата би можел а биде продаден по цена блиска до два милиони американски долари.

Имајќи во предвид дека станува збор за последниот мотоцикл на Елвис Присли, процената се сметала за реална.

Да ја постигнал таа сума би бил најскапиот мотоцикл на светот, a би го урнал рекордот поставен 2028 година од мотоциклот  Vincent Black Light произведен 1951година. Тој мотоцикл бил „сопственик” на брзински рекорди од 1954 година, а бил продаден за 929.000 долари.

Па така наспроти своето педигре мотоциклот од приказнава е продаден за „само” 800.000 долари, со што се позиционирал на третото место на листата на најскапите мотоцикли во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

PSA групацијата донира над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници во Европа

Polestar Percept нови детали и фотки – можна најава за електричниот SUV Polestar 3

Jaguar Land Rover против корона вирусот

Видео Црвено Ferrari што ви го одзема здивот и негова заштита од гребници

Фудбалерите на Баерн не го фаворизираат Audi, клубот со драстични казни

Составете си тркачка Toyota дома – во стилот седи дома

Место автомобили Seat произведува вентилатори за респиратори, а Lamborghin заштитни маски и визири

Лекарите бараат лимитирање на брзината во градовите на 30 км/ч

Видео: Mazda 100th Anniversary Special Edition