Harley Davidson ќе лансира нова марка LiveWire

Harley Davidson ужива репутација дека го возат претежно бунтовници, криминалци и стоматолози во кризата во средниот живот, па затоа мора да кажеме дека бевме прилично изненадени кога моделот LiveWire беше најавен пред три години…

За разлика од традиционалните грдосии што грмат по улиците, дочекавме да видиме електричен мотор за помладите клиенти, иако продажбата е далеку под очекувањата.

Но, вниманието што очигледно го прими новитетот е доволно големо за една компанија од американската држава Висконсин само да донесе одлука LiveWire да стане посебна марка што ќе работи во рамките на Harley Davidson .

Во официјалното соопштение се споменува дека LiveWire и овозможи на компанијата конечно да влезе во 21 век, и иако досега не привлече премногу клиенти, секој што ја следи индустријата за мотори знае дека Harley Davidson е подготвен да се модернизира.

Целта е да се привлечат помлади клиенти кои сакаат електрични модели, но тоа не значи дека компанијата од Милвоки ќе заборави на своите корени. Имено, традиционалните модели ќе продолжат да се продаваат во заеднички салони, иако понудата ќе биде поделена на два дела.

И покрај тоа што сето ова звучи фантастично во теорија, многумина се прашуваат како ќе функционира бидејќи клучниот проблем за LiveWire отсекогаш била неговата висока цена. Дури и за основниот модел, потребно е да се издвојат 29.799 американски долари, така што досегашните претставници на трговската мрежа изјавија дека многу млади луѓе доаѓаат да ја тестираат оваа новина, но дека за жал не се во можност да си го дозволат тоа.

Дури и максималната автономија од 236 километри помеѓу полнењето на батеријата не е премногу за пофалба, па затоа е јасно дека Harley Davidson мора да направи некои големи промени доколку сака да биде успешен. Експертите се согласуваат дека мора да има одредена рамнотежа помеѓу пониските трошоци и подобрата автономија.

Но, ветувањата очигледно ќе бидат исполнети бидејќи премиерата на новиот електричен модел е закажана за почетокот на јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Yamaha карбон неутрална до 2050

BMW CE 04 нова страница во урбаната мобилност на иднината на две тркала

BMW планира A2 верзија на R18

BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

KTM 450 Rally Factory Replica

Lancia освојува со електричен скутер!

Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“