Harley Davidson на EICMA 2019

Гигантот на полето на производство на мотоцикли – американската компанија Harley-Davidson на актуелниот EICMA саем во Милано се претстаци со два свои нови модела …

Станува збор за новитетите на Американците, моделите Bronx, односно Pan America 1250.

Првата новина, Bronx e производна верзија на Streetfighter 975 концептот, претставен минатата 2018 година.

Станува збор за „нејкед“ мотоцикл што користи нов Revolution Max агрегат, во варијанта од 975 кубни сантиметри работен волумен, што ветува сила на Yamaha MT-09, но притоа ослободува и за 10% повисок максимален момент на вртење!.

Покрај тоа и потпирањето во целост може да се регулира, а тука се и Brembo сопирачките, како и ексклузивните Michelin пневматици, направени специјално за двете премиери на легендарната компанија на мотоцикли од Сојузната држава Милвоки, САД.

Вториот новитет моделот Pan America 1250 претставува првиот исчекор на Harley Davidson  во авантуристичкиот сегмент.

Потсетуваме Pan America 1250 е претставена кон средината на минатата 2018 година во форма на концепт, a во продажба би требало да се појави некаде кон крајот на наредната 2020 година, како модел за 2021-та.

Во однос на Pan America 1250, засега, можеме само да речеме дека е задвижуван од новиот со водено ладење Revolution Max агрегат, што е прилагоден кон современите Euro 5 еколошки стандарди.

Повеќе информации за двете новини на Американците може да се очекуваат деновиве.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“