Harley-Davidson Pan America со одличен старт на пазарот

Harley-Davidson може да биде задоволен од продажбата на моделот Pan America на домашниот пазар, а според достапните информации, штом пристигнат во изложбениот салон, веднаш наоѓаат нов сопственик.

Според информациите што доаѓаат од САД, побарувачката за новиот модел е таква што списоците за чекање се прават во продажните салони, а депозитите станаа доста чести.

Pan America е исклучително способен мотоцикл, а на новите сопственици особено им се допаѓа одликата за адаптибилно прилагодување на висината.

Мет Шон, потпретседател на компанијата од Милвоки, рече дека продажбата започна одлично, со големи пофалби и од продавачите и од купувачите. Постоеше страв дека цената нема да биде добро позиционирана на пазарот, но се чини дека работата е завршена добро.

Новиот мотоцикл го придвижува Revolution Max v-tvin агрегат, со работна зафатнина од 1.252 кубни сантиметри, кој испорачува моќ од 150 КС при 8.750 вртежи во минута.

Со различни режими на возење, може да се управува многу лесно.

Се чини дека Harley-Davidson Pan America, а со цена од нешто повеќе од 16.000 евра, може да биде популарна и на оваа страна од „големата бара“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Yamaha карбон неутрална до 2050

BMW CE 04 нова страница во урбаната мобилност на иднината на две тркала

BMW планира A2 верзија на R18

BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

KTM 450 Rally Factory Replica

Lancia освојува со електричен скутер!

Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“