Harley Davidson подготвува електричен скутер!

По малу можеби делува како изнеенадување, но вистина е, инженрит и конструкторите во САД работат на електричен скутер што ќе ја носи значката на легендарната марка мотоцикли Harley-Davidson…

Доказ за тоа се патентите што брендот од Милвоки ги доставил до агенцијата на Европската унија за заштита на интелектуалната сопственост.

Од патеите се гледа како Harley-Davidson ја замислува својата електрична мала „макина“ а воедно се забележува дека со ликот цели кон помладата популација што и самта компанија, неодамна, го истакна како своја стратешка цел.

Од тоа што може да се види рамката делува солидно цврсто, додека електричната погонска единица делува како да е подготвена за производна фаза.

Тркалезниот фар напред е клсика што дава посебен допир на елганција на севкупниот изглед на скутрот и мора да се признае делува порафинирано одошто претходно покажаните сккици објавени на почетокот на минатата 2019 година.

Од патентите може да се дознаат и други детали како што се седиштата, фелните, рачките на управувачот во BMX стил, како и голема предна вилушка.

Големата дупка во средина на рамката не изгледа дека е нешто посебно, но мое да се претпотави дека во Harley-Davidson, со неклу панели, визуелно, ќе ја комплетираат, оваа недовршене претстава за скутерот.

Поединостите што се однесуваат за сила и за капацитетот на батеријата во овој момент не се доставени, a тешко е со сигурност да се каже кога може да ги дознаеме тие и другите детали за електричниот Лилипутанец на две тркла со значка на Harley Davidson.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Италија пристигнува вирус на две тркала – Vyrus Alyen

BMW R18 – новиот крстосувач конечно покажан

Kawasaki Ninja ZX-25R во карбонско издание

Електричен мотоцикл од иднината – Z Motorcycle

3Д Печатење – иднината на изработка на мотоцикли

На радост на моторџиите вљубени во BMW пристига новиот R18

Harley-Davidson со Porsche дизајн на агрегат!

Мотоцикл од дрво вози со 220 km/h!

Мотоцикл Lazareth LM 410 чини100 илјаи евра