Harley-Davidson со Porsche дизајн на агрегат!

 На вљубениците во брендот Harley-Davidson акронимот (кратенката) CVO им значи многу – Custom Vehicle Operation, фабрички дотеран модел што е во производство уште од почетокот на овој милениум…

Самата компанија многу внимателно ги бира мотоциклите што ќе ги претвори во CVO модели, a понекогаш бара и помош од страна особено кога станува збор за дизајнирање на тие впечатливи изведби на две тркала.

Во 2001 година овој гигант од Милвоки ја лансира својата V-Twin Racing Street Custom линија, скратено VRSC или V-Rod, и тоа се првите модели на компанијата со DOHC мотор и водено ладење за масивните „v-tvin” агрегати.

Линијата V-Rod e правена наменски, како конурент на јапонските машини, a „срцето” на оваа машина е агрегат наречен Revolution, а развиен заедно со едно познато име од светот на автомобилската индустрија.

Станува збор за компанијата Porsche. Германците го дизајнирале агрегатот, го направиле во Германија, a со тоа V-Rod e претворен во најбрзата Harley-Davidson машина, што од 0 до 100 км/ч забрзува за само 3,6 секунди.

За разлика од традиционалните „v-tvin” единици на американскиот производител на мотоцикли, Revolution имал поинаква конфигурација (под агол од 60 степени), со работен волумен од 1.131 кубни сантиметри, со петостепен мануелен пренос на силата и со моќ од околу 155 KS.

Инаку, V-Rod уште од почетокот се сметал за визуелно поинаков од останатите мотоцикли од гамата на Harley-Davidson, но неговото производство е прекинато пред три години и тоа без никакво објаснување од страна на Harley Davidson.

Toa не значи дека целосно исчезнал, бидејќи на пазарот има доста примероци, а некои од нив се толку примамливи што често пати се сретнуваат на аукции на наддавање.

Тому таков е и случајот со овој CVO модел од 2005 година. Примерокот поминал само 3.157 км, а наскоро атрактивниот мотоцикл ќе добие нов сопственик. Се очекува истиот на аукција да постигне цена повисока од 10.000 европски банкноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4

Harley-Davidson Country Cruiser – мотоцикл со две задни тркала

BMW X електричен концепт со батерии во приколката