Harley Davidson со свој најголем агрегат со волумен од 2.147 кубни сантиметри!

Деновиве Harley-Davidson го претстави својот најнов и воедно најголем и најмоќен мотор наменет за возење по јавни сообраќајници..,

Името му е Screamin’ Eagle Milwaukee-Eight 131, а тоа е нова единица со работен волумен од 2.147 кубни сантиметри и дизајниран за turing моделите.

Ова „ѕверка“ со работен волумен поголем од два литра без сомнение е најголемиот и најмоќниот агрегат што Harley-Davidson кога и да е го направил за мотоцикл што се движи на отворен пат.

Без и малку мака може да се имплементира на turing моделите на легендарниот производител на мотоцикли од САД што се произведено од 2017 година и подоцна, a кои првично биле опремени со Milwaukee-Eight Oil-Cooled, или, со Twin-Cooled агрегати.

„Нашите возачи бараа повеќе возбудлива сила и момент на вртење, а токму овој агрегат ги исполнува нивните барања, обезбедувајќи најголем квалитет, заедно со високи перформанси својствени за мотоцилите на Harley-Davidson.“

Агрегатот Screamin’ Eagle 131 располага со максимален момеент на вртење од  177 Nm и испорачува сила од 121 KS.

На пазарот во САД чини 6.195 американски долари во верзија на ладење со масло, односно 6.395 доалри во Twin-Cooled варијантата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4

Harley-Davidson Country Cruiser – мотоцикл со две задни тркала

BMW X електричен концепт со батерии во приколката