Harley Davidson стартува со производство на Pan America моделот

На почетокот на март, американскиот Harley-Davidson започна со производство на моделот Pan America, нова линија мотоцикли што треба да отвори цел нов сегмент за реномираниот производител…

Помина помалку од еден месец од презентацијата до почетокот на производството, а мотоциклот е составен во фабриката во Јорк, Пенсилванија. На видеото во прилог на информацијата, можете да видите како вработените го прославија почетокот на производството и како функционира самиот процес.

Премиерно прикажан на 22 февруари, Pan America цели на љубителите на авантуристичките модели, а воедно е првото вакво искуство на Harley-Davidson во овој сегмент.

Ќе бидат достапни две варијанти на мотоциклот, 1250 и 1250 Special, кои ќе ги споделат повеќето компоненти.

Најважна е агрегатот, единица со вода-ладење со волумен од 1.250 кубни сантиметри, дел од семејството Revolution Max V-Twin.

Единицата испорачува 150 КС и во двете верзии, и покрај фактот дека Special  варијанта има поголема маса за 12 кг (254 кг наспроти 242 кг).

Семејството 1250 има 19-инчни предни и 17-инчни задни тркала, со резервоар од 21 литар, LED осветлување, на што следат дополнителни елементи како што се гуми Michelin Anakee Wild, сопирачки Brembo и прилагодлива предна и задна суспензија.

Се очекува да пристигне на пазарот во текот на пролетта, со почетна цена од 17.319 долари, што сигурно ќе се зголеми доколку клиентите се решат за дополнителна опрема и визуелни елементи наменети за подобрување на целокупниот изглед на оваа машина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричен концепт мотоцикл – Husqvarna E-Pilen

Untitled Motorcycles претставува електричен мотоцикл од новата ера

BMW F900 Force

За помалку од еден час распродадени сите 500 примероци на KTM 1290 Super Duke RR

MV Agusta ја претстави новата Superveloce S линија

Segway Apex H2

BMW CE 04

Електричен концепт што прочистува воздух за време на возењето- Aether

Електричен Triumph TE-1