Во последните неколку години, Harley-Davidson континуирано работи на развој на сопствена електрична програма, а дебитантскиот модел во овој сегмент беше LiveWire.
Оригиналната цена од 30.000 долари беше намалена на 21.999 долари откако компанијата одлучи да го направи LiveWire посебен бренд во 2021 година, а споменатиот модел беше преименуван во LiveWire One.
На почетокот на минатата година следеше уште еден значаен потег – откривањето на производната линија за иднината, вклучувајќи го и S2 Del Mar. За разлика од One, S2 е електричен модел од средна класа, развиен во соработка со Kymco. S2, вклучувајќи ги идните мотоцикли S3 и S4, ја демонстрираат посветеноста на компанијата за одржлива и почиста иднина.
Претседателот и извршен директор на гигантот од Милвоки, Јоен Кајк (Johen Cajc), призна дека брендот во иднина целосно ќе се префрли на електрична енергија.
„Во одреден момент, Harley-Davidson ќе се трансформира во целосно електричен бренд. Но, тоа нема да се случи преку ноќ, тоа ќе биде долга транзиција, природен потег што треба да се случи“, рече Кајц.
Претворањето на компанија која има уникатно наследство кога се во прашање крстосувачите во електрична марка е нешто што нема да им се допадне на тврдокорните обожаватели на брендот. Сепак, Кајц нагласи дека тоа ќе се направи „со почит кон минатото“ – што и да значи тоа.