Haval H-Dog

Под-брендот на Great Wall, марката Haval, го изложи новиот crossover модел H-Dog на саемот за автомобили во Ченгду во Кина….

Накратко, неговата должина е 4705 mm, ширина 1908 mm, висина 1780 mm, a растојанието помеѓу оските изнесува 2810 mm, додека тркалата се со големини до 19 инчи.

Се базира на модуларната платформа L.E.M.O.N. и има клиренс (оддалеченост на најниската точка на возилото до подлогата) од 200 mm.

Засега е потврдена хибридната верзија со 1,5-литарски турбо бензински мотор и два електромотори (по еден на секоја оска) со вкупна моќност од 326 КС и 530 Nm.

Можно е да се вози и само во електричен режим, од 50 до 150 km.

Во внатрешноста има дигитални инструменти и голем приказ на медиумскиот систем.

H-Dog нема да биде достапен до следната година, а цената се уште не е објавена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi предлага ограничувањето на AutoBahn да изнесува 200км/ч

Cadillac Escalade Limo 220.000 долари

Caterham подготвува електричен „спортист“

Dacia MD87 EVO I

Дали и кога Suzuki ќе го претстави Jimny со пет врати

Килиан Мбапе ги обожава моделите на Volkswagen

Американците се уште преферираат возила со бензински мотори пред EV

Собрал 57 казни за пребрзо возење за 54 дена!

Nissan GT-R за 2023 со две изданија