Haval Ruge и Haval Ruge Max

Од Haval наскоро ќе понудат два нови хибридни crossover модели на кинескиот пазар, што ќе ги носат имињата Ruge и Ruge Max…

Помалиот Ruge е долг 4600 mm, широк 1877 mm, висок 1675 mm, а располага со растојание помеѓу оските од 2710 mm, а тркалата се со големини до 18 инчи. Се заснова на истата модуларна платформа како и L.E.M.O.N. кој го користи и моделот Haval Jolion. Во внатрешноста се издвојува стандардниот 12,3-инчен дисплеј на информативно забавниот систем, додека дел од опремата вклучува панорамски покрив, електричен прилагодливи предни седишта, електрична задна врата, темпомат.

Во кабината има 29 места за складирање на дребулии, а волуменот на багажниот простор изнесува 420 литри, односно 1175 литри со спуштени задни седишта. Haval Ruge е достапен само како plug-in хибрид, со 1,5-литарски атмосферски бензински мотор, електричен мотор на предната оска и батерии со капацитет од 19,2 kWh.

Максималната моќност на хибридниот систем е 190 КС и 370 Nm максимален вртежен момент. Досегот во само електричен режим на возење изнесува до 96 km., по WLTC циклус, додека максималниот опсег со полн резервоар бензин изнесува околу 1000 km.

Поголемиот crossover модел Haval Ruge Max е долг 4758 mm, широк 1895 mm, висок 1725 mm, има растојание помеѓу оските од 2800 mm, како и тркала со големини од 19 инчи. На предниот панел има три дисплеи со дијагонала од 12,3 инчи секој, а кабината е опремена со 32 места за чување ситници.

Haval Ruge Max се нуди во две хибридни верзии. Првата ја има истата технологија како и пократката – помалата Ruge креација, додека втората опција вклучува 1,5-литарски турбо бензински мотор и погон на сите тркала, со комбинирана моќност на хибридниот систем од 279 КС и 585 Nm максимален вртежен момент.

Забрзува до 100 km/h за 6,8 секунди и има опсег во електричен режим од околу 90 km според циклусот WLTC. Цените на новите crossover модели се уште не се објавени, а на кинескиот пазар ќе се појават во текот на летото оваа 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tata е чекор поблиску до отворање фабрика за батерии за електронски возила во Велика Британија

Ford Transit 2024 година

Lada има најстарa понуда, а кинескиот Zeekr најмлада

McLaren има приоритет на профитабилноста пред електричните автомобили

Renault стана втор најпродаван бренд во Европа

Низ Минхен ќе возат автономните возила на Volkswagen

BYD Dolphin: Кинез кој може да ги збуни Европејците

Haval H6 затегнување на брчките

Во Германија запалени десет автомобили на Теslа,