Hennessey Venom F5 Roadster

Откако одамна продаде 24 примероци од Venom F5 Coupe, американскиот перформанс тјунер Hennessey сега го претстави Venom F5 Roadster, за кој вели дека ќе биде најбрзиот кабриолет во светот…

Venom F5 Roadster беше прикажан на јавноста, на 19 август, за време на настанот на неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week), во Америка..

Моторот овде е исто така 6,6 литарски twin турбо V8 со 1817 КС и 1617 Nm максимален вртежен момент, со CIMA седум (7) -брзински менувач, заден погон и LSD диференцијал.

Со маса од вкупно 1430 kg, Venom F5 Roadster е 45 kg потежок од Coupe, што веројатно ќе се одрази на забрзувањето во споредба со Coupe, додека максималната брзина треба да биде поголема од 300 mph (483 km/h).

Вреди да се споменат и шасијата изработена од јаглеродни влакна, покривот исто така од карбонски влакна (патем речено со со тежина од само 18 кг), тркалата од 19 и 20 инчи, како и спортските седишта од карбонски влакна и воланот во форма на латинската буква „U“.

Специфично за Venom F5 Roadster е и задното стакло кое ја заменува  решетката на капакот на моторот на F5 Coupe и дава многу подобар поглед на V8 моторот.

На крајот и информацијата дека Venom F5 Roadster ќе се прави во поограничена серија (во случајов 30 примероци), по цена од 3 милиони долари по парче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тркачки Ford Ranger Raptor за Baja 1000

BeyonCa GT Opus 1

Уникатен Rolls-Royce Hyperion Pininfarina

Практична конверзија во електричен велосипед за 30 секунди

Произведен 400от Bugatti Chiron

Hennessey Venom 1200 Mustang GT500

Toyota GR Supra GT4 EVO

Ferrari Vision Gran Turismo Concept

Bentley Continental GT Convertible Mulliner Riviera