Hennessey го покажа својот нов чекор кон целта за постигнување брзина поголема од 480 km/h, а станува збор за тестирање на моделот Venom F5.
Venom F5 ги „ослободи“ сите 1.817 КС и достигна брзина поголема од 400 km/h, што е уште еден чекор кон целта на овој хипер автомобил да забрза до повеќе од 483 km/h.
Hennessey потврди за магазинот Carscoops дека „стабилноста е тестирана при брзини над 400 km/h“. Брзината е многу импресивна, но има и други автомобили кои можат да ја постигнат.
Сепак, Venom F5 нема намера да застане тука, туку продолжува по својот пат да ја премине границата од 483 km/h, а можеби и да достигне 500 km/h.