Мартин Делев триумфираше и на третата сезонска трка на TWINGO CUP, што се одржа вчера на падините на Водн, Скопје…
Откако два пати беше најбрз на кружните трки на патеката во Кичево, Делев денеска се докажа и на ридската патека.
Тој го освои првото место со вкупно време на двете трки од 5:36,64 минути, додека зад него финишираше Емил Нацка (5:38,11 минути), а на подиумот како третопласиран се искачи и Слободан Трајковски (5:39,20 минути).
Од четвртото до осмо место се пласираа Давид Малинковски, Владимир Тренески, Сашо Кочовски, Никола Тоневски и Ненад Костовски, додека пак Ангелче Стојковски не ја заврши трката.
Следната трка на TWINGO CUP е закажана на 1 – ви Септември во Белград (Ушче).