Хибриден V8 Ferrari кон крајот на Мај!

По промоцијата на моделот F8 Tributo на последниот салон на автомобили во Женева, тековната година во март, (располага со V8 мотор со 720KS), Ferrari во текот на истава година ќе претстави на автомобилската сцена уште неколку новитети …

Првиот ќе биде нов спортски модел со централно поставен агрегат и тоа со хибриден погонски систем.

Премиерата на овој „спортист“, според информациите што пристигнуваат од Италија, би требало да се одржи веќе кон крајот на овој месец – Мај и тоа на посебен за тоа организиран настан.

Како што сега стојат работите, овој, засега неименуван новитет би можел да биде и поскап од погоре спомнатиот F8 Tributo моделот, но поконкретните детали допрва следуваат.

Од Италија исто така најавуваат дека до 2022 година, околу 60 проценти од гамата на оваа супер спортска марка ќе има свои хибридни варијанти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha