Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Кинескиот WEY Yuanmeng пред сè привлекува внимание со својот ретро – изглед, кој е инспириран од дизајнот на автомобили од педесеттите години на минатиот век…

Креацијата на четири тркала од Кина, WEY Yuanmeng Hybrid беше прикажан на саемот за автомобили во Ченгду, каде што неговиот преден дел со големата хромирана решетка привлече најмногу коментари, како од пошироката така и од стручната јавност.

Исто така, на возилото има и други хромирани елементи, а се истакнуваат предните и задните браници на овој ретро- автомобил со напредна погонска единица.

Дел од опремата вклучува дигитална инструмент табла, централен мулти – медијален екран и дополнителен екран за сопатникот, како и бројни внатрешни елементи обложени со кожа.

Plug-in Hybrid системот во овој случај го сочинуваат 1,5-литарски турбо бензински мотор, што доаѓа во комбинација со електричен мотор.

Комбинираната моќносст на таквиот систем изнесува 238 КС и 520 Nm максимален вртежен момент.

Оцаа погонска единиса е споена со девет (9) – степен менувач на брзини, со двојна спојка.

Автономијата на  WEY Yuanmeng Hybrid, во возење во потполно електричниот режим, знаќи со нулта емисија на штетни издувни гасови може да изнесува дури до 195 km.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi предлага ограничувањето на AutoBahn да изнесува 200км/ч

Cadillac Escalade Limo 220.000 долари

Caterham подготвува електричен „спортист“

Dacia MD87 EVO I

Дали и кога Suzuki ќе го претстави Jimny со пет врати

Килиан Мбапе ги обожава моделите на Volkswagen

Американците се уште преферираат возила со бензински мотори пред EV

Собрал 57 казни за пребрзо возење за 54 дена!

Nissan GT-R за 2023 со две изданија